ОУ „Св. Климент
Охридски“ - Битола
За училиштето
Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се наоѓа во населбата Нова Битола, во Битола, општина Битола.
Ресурси
Во училиштето има 12 универзални училници наменети за учениците од И-В одделение, со вкупна површина од 660 м2 и една специјализирана спортска сала за учениците од одделенска настава.Наставата во предметна настава се изведува во 13 кабинети со вкупна површина од 863 м2, 1 специјализирана училница по ТО, една фискултурна сала со 640 м2, модерна и солидно опремена медијатека, во која од минатата учебна година постои и смарт табла, како и една современо опремена просторија - кариерно катче, наменета за професионалниот развој на учениците, особено осмоодделенците.Во вкупната површина на училиштето опфатени се и ходниците со 945 м2 и 5 канцеларии со 144 м2. Подрачното, петгодишно училиште во с. Лавци, работи во релативно нова зграда, со две универзални училници, простран ходник и просторија за наставниците.Техничка опременост
-комјутери-касети со лап-топ
комјутери за одделенска настава
-касета со 16 лаптопа
-смарт табла
-1 лаптоп-телевизори-ДВД и ЦД плеери
-графоскопи-скенери-печатачи-фотокопири-
ЛЦД проектори-дигитални камери
-лап-топ компјутери за наставниците
Директор на Училиштето Андријана Мигуловска
Визија на Училиптето
Знаењата, разбирањето, соживотот,во нашето училиште сеѕвезди водилки кои светат одедно исто небо. Гледајте во нивната светлина!
Лична Карта за Училиштето
Лична карта на училиштетоПред 24 години, во учебната 1989/90 година, во новиот објект започна со работа училиштето ”Св. Климент Охридски“, лоцирано во брусничко-лавчанскиот регион на Битола. Со својата педагошка функционалност овозможува опфат на околу 1000 ученици од реонот, од кој според локалната реонизација, се ученици, обврзници кои учат во деветтолетката. Визијата на нашето училиште е да обезбеди сигурна и безбедна средина за учениците, а со својата воспитно-образовна дејност овозможува да се формираат личности кои во иднина ќе бидат подготвени со своите знаења и разбирања да се изградат во личности кои ќе можат да се соочуваат со предизвиците на животот, способни да градат соживот со сите заедници кои живеат во нашата мултиетничка држава. За таа цел потребна е целосна кооперативност на сите чинители вклучени во овој процес.Во оваа учебна година опфатени се 967 ученици, распоредени во 45 паралелки од I до VIII одделение (осмолетка и деветтолетка) и една паралелка во подрачното училиште во с. Лавци. За поуспешна организација на воспитно-образовниот процес и оваа година организираме дневен престој за учениците од I до V одделение, со четири воспитни групи.
Персонал
Наставата ја изведуваат вкупно 69 наставници од кои 63 наставници се со високо образование, а 6 наставника се со више образование.Административниот кадар го сочинуваат: директорот, секретарот, благајникот и економот. Стручната служба ја сочинуваат училиштен педагог, психолог, дефектолог и двајца библиотекари. Двајца хаус-мајстори и 11 хигиеничари го опслужуваат училиштето како технички персонал.
Подрачно Училиште
Во состав на централното училиште работи и подрачното училиште во с. Лавци кое е на 2 км. оддалеченост од градот.Наставата се изведува на македонски јазик во две смени и тоа:прва смена - III, V, VI и VIII (деветтолетка);втора смена - II, IV, VII и VIII (осмолетка);- Паралелките од првите одделенија работат во сопствени училници, настава изведуваат и во меѓусмена.