top of page

Најнова технологија на Интел во Битола

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес во посета на ОУ „Климент Охридски" во Битола, каде се информира за начинот на изведување на наставата со помош на користењето на компјутерите со екран на допир. Тој се запозна со нивната техничка функционалност и предноста што ја имаат во однос на другите компјутерски системи. Станува збор за новата генерација на Intel Classmate PC, која вклучува монитори на допир и ротирање и оперативен систем Windows 8. Пилот проектот се спроведува во едно одделение во училиштето „Климент Охридски„ во Битола, од почетокот на второто полугодие на оваа учебна година во соработка меѓу Microsoft и Intel. - Ќе изградиме девет нови училишта, 200 ќе ги реновираме на различи начини зависно од потребите, ќе изградиме нови 69 спортски сали како дел од образовниот систем и ќе извршиме набавка на 300.000 таблет-компјутери за најмладите ученици од основно до средно образование, рече Антонио Милошоски, носител на листа на ВМРО ДПМНЕ за ИЕ5.

Featured Posts
Recent Posts
Archive
Search By Tags
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page